Поради одрони на патот Маркова нога-Ресен сообраќајот се пренасочува

31 март, 2018 | 10:55 часот | 409 прикажувања |

Поради одрони на регионалниот пат село Макази, Маркова нога – Ресен, сообраќајот се пренасочува по споредни патишта, соопштија од Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец А2 Стругa – ГП Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до Добра Вода – село Франгово (во должина од 3 километри) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 километри на час.