Студентите во Штип сплотени за одбрана на името Македонија и запирање на двојазичноста

30 март, 2018 | 22:18 часот | 3.175 прикажувања |

Денес во Штип на плоштадот „Слобода“ беше одржан студентски марш против Законот за употреба на јазиците и за одбрана на идентитетот и држава. Голем број на млади граѓани излегоа да го искажат својот револт.

114 години од херојската смрт на Гоце Делчев и 11 години живот на неговите беспрекорни идеали пренесувани преку образовното предание на нашите професори. Ние, студентите, интелектуалниот столб на нашето општество и иднината на оваа држава, им го честитаме патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ со јасна порака за сплотеност на студентското тело и универзитетскиот кадар, во заедничката борба за достоинствена иднина и одбрана на нашиот идентитет и држава“, велат студентите од Штип.

 

One comment on “Студентите во Штип сплотени за одбрана на името Македонија и запирање на двојазичноста

Comments are closed.