Нимиц: Има позитивен напредок, но остануваат потешкотии на кои треба да се работи

30 март, 2018 | 16:50 часот | 757 прикажувања |

Има позитивен напредок во преговорите, но сепак има потешкотии на кои треба уште да се работи, кои треба да бидат надминат.

Oва го изјави денес Медијаторот Метју Нимиц после средбата со Коѕијас и Димитров во Виена која траeше седум часа.

„Имавме добра дипломатска средба, и двете земји се фокусирани на подобра иднина. Средбите ќе продолжат, но има напредок. Двете страни се фокусирани на зацврстување на меѓусебните односи“, рече Нимиц.