Заостанатиот долг за вода ќе може да се плаќа на рати

30 март, 2018 | 15:59 часот | 611 прикажувања |

Заостанат долг за вода по основ на тужени и редовни сметки ќе може од 2 април до 15 мај да се плаќа на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека граѓаните и компаниите ќе можат да го исплаќаат долгот со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

„Новото раководство на ЈП Водовод и канализација – Скопје и во иднина ќе води грижа за своите корисници преку носење на различни мерки и проекти кои ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје“, соопштија од Водовод и канализација.