Зголемени нивоата на реките и езерата

30 март, 2018 | 11:39 часот | 264 прикажувања |

Речиси двојно повисоки од денешниот просек за март се нивоата на Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун, а покачувања на водостоите бележат и другите реки.

Според УХМР, пониски, за по еден сантиметар, се единствено Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци.

Зголемувања се измерени и на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.