6 април – Велики Петок е неработен ден за православните христијани

30 март, 2018 | 11:33 часот | 438 прикажувања |

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 6 април 2018 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.