Лажна дојава за бомба во ТВ Сител

30 март, 2018 | 10:36 часот | 344 прикажувања |

Од МВР информираат дека непознато лице вчеравечер се јавило во телевизија „Сител“ и рекло дека има поставено бомба во објектот. Откако вработените биле евакуирани, полицијата утврдила дека станува збор за лажна дојава.

Според информациите на полицијата, вчера околу 21 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека непознато лице се јавило во телевизија „Сител“ и кажало дека во студиото имало подметнато експлозивна направа. На местото на настанот се упатиле полициски службеници и екипи од Единицата за антитероризам, по што била извршена евакуација на вработените. По извршениот преглед и увид било констатирано дека се работи за лажно пријавување.