ФОТО: Средбата Нимиц-Димитров-Коѕијас е во тек

30 март, 2018 | 10:15 часот | 837 прикажувања |

Во главниот град на Австрија, Виена, во тек е средбата меѓу медијаторот Метју Нимиц и двајцата шефови на македонската и грчката дипломатија – Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Средбата започна пред триесетина минути и се одржува во Министерството за надворешни работи на Австрија, а не во седиштето на ОН, бидејќи канцелариите се затворени поради католичкиот Велигден.

Ако се суди според последната виенска средба на Димитров и Коѕијас, која траеше седум часа, се очекува и овој нивен состанок да трае повеќе часа.