Сервер: Добро е да се реши името, но и без тоа Македонија треба да влезе во НАТО

30 март, 2018 | 9:52 часот | 1.609 прикажувања |

Даниел Сервер (американскиот политички аналитичар) во интервју за МИА вели: „Време е спорот за името да се реши. Тоа би било добро и за Грција и за Македонија, но и за регионот. Би бил радосен ако се најде заедничко прифатливо решение, но и ако не дојде до тоа Македонија треба да влезе во НАТО под привремената референца“.

Прашан што губи Грција ако спорот за името не се реши, Сервер смета дека нема да има директни последици врз Атина, но, сепак, неисполнувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг може да го оцрни нејзиниот углед и да резултира со некои чекори како што се тешкотии во позајмувањето кредити, бојкот на американски туристи, како и незадоволство на малцинствата кои живеат на нејзина територија, како што се албанското и македонското.

За најновите несогласувања меѓу Русија и Западот во врска со случајот „Скрипал“ поради кој и Македонија протера еден руски дипломат, Сервер вели дека Вашингтон високо го цени гестот на македонската Влада да се приклучи во заедничките американско-европски напори да се испрати силен сигнал кон Москва оти треба да запре со својата незаконска агресија врз други суверени земји.

извор: МИА