Пакистански млад брачен пар убиен бидејќи се венчале без дозвола од роднините

27 ноември, 2017 | 21:35 часот | 236 прикажувања |

Младиот брачен пар од Пакистан: Абдул Хадија (24) и Хасина Биби се венчале на почетокот на ноември по што биле убиени од страна на нивните роднини бидејќи стапиле во брак без одобрување од постарите роднини, известија пакистанските власти.

Полицијата денеска уапсила десет лица поради убиството на двојката. Од полицијата известија дека сопружниците биле пронајдени вчера на локалните гробишта, по што биле уапсени таткото на зетот и деветмина роднини, додека таткото на невестата побегнал.

Тие признале дека со ножеви ги усмртиле сопружниците по наредба на племенскиот совет (Џирга), поради непочитување на обичаите на етничката група Паштуни.