Делови од Кисела Вода без вода од 10 часот

30 март, 2018 | 9:28 часот | 645 прикажувања |

Поради уличен дефект од ф-700мм на улицата „Христо Татарчев“ бб (последна 24-ка), денес со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од „Христо Татарчев“ од крак 1 до крак 11, бул. „Борис Трајковски“ од крак 2 до крак 10, сервисна зона Југ и Цементара.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека можно е намалување на притисокот во населбата Кисела Вода и висока зона Аеродром.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот