Свечена академија за Денот на судството

30 март, 2018 | 9:24 часот | 370 прикажувања |

Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи свечена академија по повод Денот на судството 31 март.

На академијата, како што соопшти Врховниот суд на РМ, ќе присуствуваат претседатели и судии на врховните судови од Албанија, Косово, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.