Денес во Собранието седници на комисиите за култура и европски прашања

30 март, 2018 | 8:54 часот | 479 прикажувања |

Јавна расправа за Предлог-националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година ќе се одржи денеска во собраниската Комисија за култура. Со оваа стратегија, треба да се почнат реформи во областа.

Децентрализација и деметрополизација на културата и пристап до неа за сите граѓани подеднакво, се главните цели на културниот развој планирани за идните пет години.

Седница во Собранието ќе има и  Комисијата за европски прашања, на која ќе се расправа за Предлог-законот за високо образование, во прво читање. Предложениот закон е со европско знаменце.