Села до италијанскиот амбасадор: Законот за албански јазик е важен елемент за демократизација на Македонија

29 март, 2018 | 15:30 часот | 687 прикажувања |

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, денеска оствари средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.

Од Алијансата соопштија дека Села го информирал амбасадорот за усвојувањето на Законот за албански јазик во Собранието, како и можностите за влегување во сила, додавајќи дека неговото спроведување е неопходно во пракса, како важен елемент за демократизацијата на државата и нејзиното мултиетничко општество.

Села, за време на разговорите ги споделил и неговите забелешки околу владината коалиција СДСМ-ДУИ, изразувајќи и незадоволство во однос на динамиката на реформите, особено во делот на правдата.

„Алијансата за Албанците е и секогаш ќе биде подготвена да помага за членството на Македонија во ЕУ и НАТО“, истакнал претседателот на Алијансата.

Во овој контекст, Села побарал поддршка од италијанскиот амбасадор како многу важна земја во ЕУ и НАТО, Италија да ѝ помогне на Македонија да пристапи кон евро-атланските структури што е можно поскоро.