Вооружен маж се заканувал дека ќе се разнесе пред српскиот парламент

29 март, 2018 | 14:55 часот | 871 прикажувања |

63-годишниот Миодраг Т. попладнево се заканувал дека ќе се разнесе пред зградата на Парламентот на Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој бил поранешен припадник на српската армија, а причината за заканата сѐ уште не е позната.

Сообраќајот пред српското Собрание, на потегот помеѓу главната пошта и Домот на синдикатите е одблокиран, бидејќи човекот кој се заканувал со самоубиство преку активирање на рачна бомба се предал на полицијата после преговорите кои траеле еден час. На местото на настанот била присутна и специјална единца на српската полиција.

Според информациите на српските медиуми, мажот со автомобил пристигнал до плоштадот „Никола Пашиќ“, тврдејќи дека има пиштол и бомба со себе и се заканувал дека ќе се разнесе, но имал само реплика пиштол.