Димитров до Николоски: Помирувањето мора да се направи врз принципот на одговорноста

29 март, 2018 | 14:36 часот | 880 прикажувања |

Односите не може да се „релаксираат” на принципот на неказнивост за најцрниот ден во историјата на нашата демократија, што за влакно ќе ја турнеше државата во провалија, пишува на својот Твитер налог министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

Тој го коментира неодамнешното гостување на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисија на ТВ Алсат и изјавата на Николоски дека „кога би бил на местото на Заев би предложил амнестија за инволвираните во 27 април, за да се релаксираат односите во земјата“.

Според Димитров, помирувањето во Македонија мора да се направи врз принципот на одговорноста.