Џафери нема да го потпише Законот за јазици во име на Иванов

29 март, 2018 | 11:21 часот | 2.430 прикажувања |

Претседателот на Собранието, Талат Џафери побарал средба со претседателот Ѓорге Иванов, одговор не добил, но вели дека тој нема да го потпише Законот за јазици.

„Јас нема да се впуштам да ставам потпис на нечие друго име“, истакна собранискиот спикер пред новинарите.

Тој го повтори неговиот став дека претседателот има должност и обврска да го потпише законот по второто гласање и дека со неговото однесување го крши Уставот.