Средношколец од Струга повеќе пати злоставуван од малолетник

29 март, 2018 | 11:14 часот | 841 прикажувања |

Од страна на Центарот за социјални работи Струга во струшката полициска станица вчера во 11 часот било пријавено дека ученик од средно училиште од Струга, според негово кажување, во неколку наврати под закана бил сексуално злоупотребен од друго малолетно лице-ученик.

Со малолетникот во Центарот за социјални работи бил извршен разговор во присуство на социјален работник, психолог, педагог и адвокат за деца.

Во разговорот малолетникот изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоупотребен од страна на друго малолетно лице-ученик во средно училиште. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот.