Димитров и Коѕијас утре со Нимиц ќе бараат достоинствено решение

29 март, 2018 | 11:05 часот | 1.053 прикажувања |

Во австриската престолнина Виена утре ќе се одржи средбата на првите луѓе на македонското и грчкото МНР – Никола Димитров и Никос Коѕијас. Тие заедно со медијаторот Метју Нимиц ќе имаат средба за разликите околу името.

Се очекува Димитров и Коѕијас треба да ги претстават нацрт-спогодбите на двете земји, а потоа во рамките на резолуциите 817 и 845 на Обединетите нации, посредникот треба да понуди сопствен документ за надминување на разликата.

При посетата на Македонија, грчкиот министер за надворешни Коѕијас побара уставни промени, тој и натаму останува на истиот став, додека министерот Димитров изјави дека е тешко на македонскиот народ да му се објасни слеано име кое не може да се преведе на англиски јазик.