Дела од Струмичката ликовна колонија ќе бидат изложени во Прилеп

29 март, 2018 | 10:17 часот | 1.137 прикажувања |

Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во петок со почеток од 19 часот ќе биде домаќин на изложбата на делата од 54-тата Меѓународна Струмичка ликовна колонија, што ја организира Центарот за култура од Струмица.

Љубителите на уметноста ќе може да погледнат 25 дела создадени на оваа реномирана меѓународна Струмичка ликовна колонија на која лани учествувале 17 домашни и седум странски автори.

„Струмичката ликовна колонија има долга традиција и во неа поминале голем број реномирани ликовни уметници. Една од карактеристиките на оваа манифестација е слободниот израз. Слободата е најважна за авторот, ако е тој послободен, тој е и покреативен“, велат од Струмичката ликовна колонија.

Изложбата во Прилеп е плод на соработката меѓу двата центри за култура – од Прилеп и од Струмица.