68 загинати во немири и пожар во полициска станица во Венецуела

29 март, 2018 | 9:08 часот | 633 прикажувања |

Вкупно 68 лица загинаа во немири и пожар кои избувнале во келиите на полициска станица во централниот венецуелски град Валенсија.

Обвинителот  Тарек Вилијам Сааб на Twitter напиша дека министерството има намера „итно да ги разјасни овие болни настани кои завија во црно венецуелски семејства и да ја утврди одговорноста“ за настанот.

Полицијата со солзавец ги растерала членовите на семејствата кои пред станицата чекале да дознаат што се случило.

Локалните власти не соопштија никакви информации за тоа што се случувало во станицата до доцна вечерта.