Свлечиште на патниот правец Гостивар – Кичево, возете внимателно

29 март, 2018 | 8:49 часот | 642 прикажувања |

На магистралниот пат А2 Гостивар-Кичево кај с.Тајмиште поради свлечиште сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента. Дежурните екипи на ЈП Македонија Пат се на терен, работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.