Денес во Собранието седница за пратенички прашања

29 март, 2018 | 8:41 часот | 492 прикажувања |

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 39. седница на која на дневен ред се пратеничките прашања. Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот кога заседава Парламентот.

На претходните неколку седници на кои се поставуваа прашања до претставници на Владата, пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ не учествуваа.