Во Кривичниот суд денеска рочишта за предметите на СЈО „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“

29 март, 2018 | 8:32 часот | 528 прикажувања |

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите не СЈО: „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој веќе со месеци се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција.

Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тарифа“ сомничи три лица поради постоење основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ и причинета штета од 456.560 евра.

Судско рочиште треба да се одржи и за предметот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.