Јотовски има скок од десет места на последната АТП ранг листа

27 ноември, 2017 | 18:07 часот | 264 прикажувања |

Македонскиот рекет број еден, Томислав Јотовски забележа напредок од десет позиоции на најновата АТП ранг-листа објавена денеска.

Јотовски изминатите две седмици настапуваше на два турнири во Анталија. Првиот турнир тој го заврши во четвртфиналето, а на вториот беше елиминиран во осминафиналната рунда.

Сепак, со новите освоени бодови Јотовски напредуваше десет места.

Така сега 28-годишниот Јотовски е рангиран на 572. место на АТП ранг-листата, на која пак и во конкуренција на двојки има напредок од една позиции, па сега е рангиран на 1.017 место.