Заев: Турската демократска партија ќе биде дел од владината коалиција

28 март, 2018 | 20:05 часот | 1.165 прикажувања |

Ги допрецизираме разговорите со Турската демократска партија и се надевам дека до идниот вторник тоа ќе биде комплетно заокружено. Се работи за споделување на одговорност по самите институции.

Ова го изјави на денешната прес конференција премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање со која партија се преговара за влез во Владата.

„Пратеникот од Турската демократска партија веќе учествува во поддршката на законските решенија и процедурите во Парламентот. И генерално, ова не е условено од некои места, но треба да го заокружиме прво тој вид на соработка“, рече Заев, дополнувајќи дека после тоа ќе се разговара и со другите политички партии.

„Пред сè, размислувам за БЕСА и тоа, двете групи. Јас се надевам дека ќе има нешто што ќе ги спои како една група.  Гледам дека сите соработуваат, сите заедно веруваат во овој концепт, кој што е насочен во Владата“, изјави Заев.

Премиерот рече дека после тоа ќе разговара и со останатите опозициони партии и пратеници.