И Црна Гора прогласи руски дипломат за „персона нон грата“

28 март, 2018 | 12:22 часот | 680 прикажувања |

„Владата на Црна Гора донесе одлука да прогласи еден дипломатски претставник акредитиран во амбасадата на Руската Федерација за ‘персона нон грата’ и да ја повлече согласноста за делување на почесниот конзул на Руската Федерација во Црна Гора“, соопштија од Владата во Подгорица, пренесе Б92.

„За мерката е известена амбасадата на Руската Федерација во Подгорица дека во рок од седум дена дипломатскиот претставник треба да ја напушти Црна Гора“, се додава во соопштението.

Исто така, се потенцира дека и Црна Гора ја донела оваа одлуа „координирано со сојузниците, во склад со мерките превземни од страна на ЕУ и НАТО“, а во врска со делувањето на Русија и нападот со нервен гас на територијата на Велика Британија која, како што се додава, Владата во знак на солидарност со британските партнери јасно го осудила.