Бошњаковски тврди дека нема најави за реципрочни мерки од Русија

28 март, 2018 | 11:52 часот | 622 прикажувања |

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција изјави дека нема најава за реципрочни мерки од страна на Русија, за случајот со протерувањето на рускиот дипломат од Скопје.

„Во моментов нема ништо ново. Нашата одлука вчера ја објаснија и министерот за надворешни работи Никола Димитров и премиерот Зоран Заев и сметаме дека се запазени и согласно дипломатски процедури и виенската конвенција и постапено е како што налагаат законите на Република Македонија“, рече Бошњаковски на денешниот прес.

Руското МНР на Твитер објави дека сите последици за чинот на протерување на рускиот дипломат од Скопје, кој го окарактеризираа како провокативен и непријателски, ќе ги сноси македонската страна.