22-годишен мотоциклист повреден во сообраќајка во Ѓорче Петров

28 март, 2018 | 11:31 часот | 1.986 прикажувања |

Дваесет и две годишниот скопјанец Б.Т. е повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 16:20 часот на крстосницата од улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки управувано од Р.Л.(62) и мотоцикл „Кавасаки” исто така со скопски регистерски ознаки, управуван од Б.Т.(22) и двајцата од Скопје.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош Б.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.