Водостоите на реките се над просекот за март

28 март, 2018 | 11:26 часот | 525 прикажувања |

Водостоите на реките во Македонија се над мартовскиот просек, но во граници на неделните мерења.

Денешните хидролошки мерења покажуваат зголемени нивоа на реките во однос на мартовскиот просек, освен кај Брегалница кај Берово каде водостојот е еден сантиметар под просекот за март. Скоро двојно е зголемено нивото на Вардар кај Велес, на Треска кај Македонски Брод и на Црн Дрим кај Ложани.

Кај езерата се бележи мало зголемување на нивоата во однос на мартовскиот просек.