Двајца повредени во сообраќајка на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

28 март, 2018 | 10:47 часот | 780 прикажувања |

Во текот на вчерашниот ден во 14 часот и 45 минути било пријавено на дека на булeвар „Свети Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од 27-годишниот Ј.Е. од село Камењане, тетовско и мотоцикл со скопски регистерски ознаки, управуван од 48-годишниот Н.Ј. од Скопје.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош мотоциклистот бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил задржан на понатамошно лекување.

Возачот Ј.Е. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.