Со претставата „Аналфабет“ одбележан Светскиот ден на театарот во Охрид

28 март, 2018 | 10:43 часот | 516 прикажувања |

Народниот театар Охрид вчера го прослави Светскиот ден на театарот и прв роденден на претставата „Аналфабет“.

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Според режисерот Ризески, дејството во претставата го носат тројца малограѓани кои се затворени во канцеларија и на кои им е дадена моќ да управуваат со една околина и група луѓе. Поентата е тоа што тие апсолутни малограѓани кои се на позиција, на крајот ќе станат вечни.

Пред почетокот на претставата беа прочитани Меѓународната и македонската порака за Светскиот ден на театарот.