Исчезнатата македонска актерка Адеа Шабани пронајдена мртва во Калифорнија

28 март, 2018 | 10:06 часот | 2.327 прикажувања |

Полицијата од Лос Анџелес, Калифорнија пронашла свежо ископан гроб, на околу 80 километри од Сакраменто, во Јужна Калифорнија, за кој се верува дека е на исчезнатата македонска актерка Адеа Шабани (25), пренесоа американските медиуми. Телото на Адеа било пронајдено минатиот четврток, но таа е идентификувана вчера.

Шабани последен пат била видена жива на 23 февруари околу 11 часот, помеѓу булеварот Холивуд и авенијата Френклин, во близина на нејзиниот дом. Влезната врата од нејзиниот апартман, тврдат нејзините пријатели, не била заклучена.

Викендов и момчето на Адеа, 33-годишниот Крис Споц, бегаше од полицијата и си пукаше во главата. Истовремено, медиумите пишуваа дека полицијата има сведок кој видел како македонската актерка била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.

Шабани пред две години ја напуштила Македонија за да студира актерство во Лос Анџелес.