Со претставата „Кралските копилиња“ одбележан Светскиот ден на театарот во Велес

28 март, 2018 | 9:45 часот | 653 прикажувања |

Во Велес синоќа на големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ премиерно беше изведена претставата „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски авторот на текст, режисер и концепт за аудиовизуелен дизајн.

Во претставата настапи актерската екипа: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Марија Стефановска, Фаик Мефаиловски и Маја Љутков.

Според авторот Димоски, „Кралските копилиња“ е претстава за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор.

Пред изведбата на претставата беа прочитани Меѓународната и македонската порака за Светскиот ден на театарот.