Деца од социјални семејства се ослободени од партиципација за лекување

28 март, 2018 | 9:09 часот | 497 прикажувања |

На предлог на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за здравство, Владата на Република Македонија јa разгледа и усвои Информацијата за ослободување од партиципација при користење на здравствени услуги на лицата до 18 години возраст, чии семејства се корисници на правото на социјална парична помош – пишува во соопштението од  владината седница.

Владата на  седница ја усвои одлуката да се ослободат од партиципација при користење здравствени услуги младите до 18 години кои доаѓаат од семејства кои се корисници на социјална помош.