Huawei ги претстави HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro

28 март, 2018 | 9:01 часот | 857 прикажувања |

Huawei Consumer Business Group, во париската изложбена сала “Grand Palais”, ги претстави долгоочекуваните нови смартфони од високата класа HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro. Предводникот HUAWEI P20 Pro, доаѓа со првата во светот тројна Leica камера, а и двата модела имаат досега неостварени функции со примена на вештачка интелигенција, комбинирајќи технологија и уметност, што наговестува нов почеток на чудесно искуство на интелигентна мобилна фотографија.

Kарактеристики на HUAWEI P20  се:

Напреден систем на камерата што овозможува поголем проток на светлина при сликање, повеќе детали и почиста убавина, со револуционерната тројна камера од Leica на HUAWEI P20 Pro, кој воедно е уред со највисок број на пиксели во индустријата на паметни телефони, како и со новата двојна камера од Leica на HUAWEI P20;

Иновативни функции на камерата, како што е Master AI – базиран на AI технологија за професионална фотографија, , како и HUAWEI AIS – моќна технологија што применува вештачка интелигенција за стабилизација на сликата, можност за досега неостварливи ноќни фотографии од рака;

Безвременски дизајн со фини препознатливи бои и завршетоци

Исклучителни перформанси, со процесорот Kirin 970 со прецизен NPU и нов интерфејс EMUI 8.1 базиран на Android ™ 8.1 за премиум и непречено корисничко искуство.

Постигнувајќи највисоки резултати во тестовите DxOMark, серијата HUAWEI P20 вклучува модерен, интелигентен фотографски систем кој го подобрува корисничкото искуство.