Бит Пазар ќе се реконструира

28 март, 2018 | 8:53 часот | 606 прикажувања |

Град Скопје и Општина Чаир со поддршка на Еснафот на Старата скопска чаршија и Комората на трговци на Република Македонија преземаа обврска пред граѓаните да ги ослободат улиците и тротоарите на Бит-пазар од сите препреки што му пречат на нормалното одвивање на сообраќајот во кој учествуваат моторните возила, велосипедистите и пешаците на Бит-пазар.

Во тек се подготвителните работи околу дислоцикација на дел од пазарџиите, за да се создаде простор за реализација на првата фаза од проектот.

Проектот предвидува четири фази. Планирано е поставување на 1.000 нови тезги, обновување на водоводот и канализацијата, целосно покривање на пазарот и изведба на нов деловен простор со површина од 600 метри квадратни.