Казино во Скопје „олеснето“ за 130.000 денари

27 ноември, 2017 | 14:10 часот | 270 прикажувања |

Вчера во 8:50 часот во казино на булевар Партизански одреди во Скопје непознато маскирано лице извршило разбојништво, информираат од МВР.

Сторителот, со закана со нож и палка, од вработените одзел околу 130.000 денари од дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.