ТВ 21: Александар Алексеев е протераниот руски дипломат од Македонија

27 март, 2018 | 14:22 часот | 994 прикажувања |

Александар Алексеев, првиот советник за култура, образование, наука и спорт во Руската амбасада во Македонија, неофицијално е дипломатот кој Македонија одлучи да го протера поради обид за добивање на сензитивни и класифицирани информации, објави ТВ 21.

Извори за телевизијaта велат дека тој повеќе од 10 години е претставник на Руската Федерација во Македонија и симптоматично е што сега државата се одлучува да го протера поради причините кои ги нагласи македонското МНР.

Од телевизијата ја контактирале и Руската амбасада во Скопје, но оттаму не сакаат да ги коментираат шпекулациите, односно не сакаат да потврдат дали станува збор за ова лице или за друг дипломат.