По серијата неуспеси, Милан го отпуши Монтела

27 ноември, 2017 | 14:06 часот | 330 прикажувања |

Винченцо Монтела од денес не е повеќе тренер на калчолигашот Милан. На негово место клубот го постави поранешниот фудбалер Џенаро Гатузо.

Информацијата дека Монтела добил отказ клубот ја потврди и на својот профил на „Твитер“.

Милан во летниот преоден рок за реконструкција на тимот вложи речиси 200 милиони евра, беа донесени играчи кои ги бараше тренерот Монтела, но сезонава тимот бележи лоши резултати.

Монтела со Милан на последните 11 натпревари во сите натпреварувања забележа само три победи.

Негов наследник е легендата на Милан, Џенаро Гатузо, кој претходно го предводеше младинскиот тим.

Гатузо ќе дебитира на 3 декември на дуелот со најслабиот тим во Серија А, Беневенто.