Цукерберг одбил да одговара за скандалот со Фејсбук пред британскиот парламент

27 март, 2018 | 13:49 часот | 256 прикажувања |

Марк Цукерберг, основачот на социјалната мрежа Фејсбук го одбил барањето на Комитетот на британскиот Парламент да одговара на прашања во врска со злоупотреба на податоци.

Демијан Колис, претседател на Комитетот кое е тело кое го истражува влијанието на социјалните медиуми врз изборите, го повикал Закерберг да одговори на „катастрофалниот неуспех на процесот“.

„Цукерберг замоли еден од своите заменици лично да ги достави доказите. Шефот на технолошката служба Марк Шефер и шефот на производство Крис Кокс ќе бидат добра замена за да одговараат на прашања“, соопшти Ребека Стимсон, шефица за јавни политики на британското претставништво на Фејсбук.

Демијан Колинс изјавил дека би му било драго замениците на Цукерберг да одговорат на прашања, но оти тој би сакал лично од првиот човек на Фејсбук да слушне повеќе за тоа.