Поднесено обвинение за настаните од 27 април: 30 лица се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок

27 март, 2018 | 13:40 часот | 521 прикажувања |

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска соопшти дека Јавното обвинителство на РМ до основниот суд Скопје 1 поднело обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година.

28 лица од нив се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од КЗ, а две лица се обвинети за помагање при вршење на истото кривично дело.

Обвинетите, според Јовески, го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

„Опсежаната истрага утврди, а уверени сме дека во судската постапка и ќе се докажe, дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи поврзани и усогласени дејствија на битието на кривичното дело. Ве уварувам дека Обвинителството ќе продолжи да постапува согласно законот, имајќи предвид дека гонењето го врши во јавен интерес, и заради тоа неговата активност е наосечна, пред се, пред лицето на правдата да ги донесе сите кои сториле кривично дело и и секој да одговара за тоа што го сторил, обезбедувајќи го принципот на правна сигурност како еден од фундаменталните аспекти на владењето на правото“, изјави Јовески на прес конференцијата на ЈО.