Јавна расправа во Собранието за измените на законот за АВМУ

27 март, 2018 | 9:42 часот | 490 прикажувања |

Комисијата за европски прашања, денеска ќе организира јавна расправа на тема „Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“.

Поради важноста на темата, а со цел широка и конструктивна дебата на јавната расправа поканети се членови на Владата, медиуми, портали, новинарски друженија, претставници на разни институции и невладини организации.