Министерката Дескоска ќе присуствува на свечена академија по повод патрониот празник на УГД

27 март, 2018 | 9:06 часот | 571 прикажувања |

По повод патрониот празник, Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип, во своите простории со почеток во 12 часот ќе одржи свечена академија. На настанот поздравно обраќање ќе има министерката за образование и наука, проф. д-р Рената Дескоска, како и ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Настанот ќе се одржи во мултимедијалниот центар на УГД.