МТСП: 2 април е неработен ден за католиците

26 март, 2018 | 14:30 часот | 468 прикажувања |

Понеделник, 2 април 2018 година, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот.