Водостоите на реките и езерата се над просекот за месец март

26 март, 2018 | 11:37 часот | 620 прикажувања |

Водостоите на сите реки во Македонија се над просекот за март со исклучок на Крива Река на мерното место кај Крива Паланка каде нивото е незачително помало од просекот за овој месец.

Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на реките воглавно опаѓаат во однос на вчера. Осетно зголемување на нивото во споредба со вчера има Црн Дрим кај Ложани, а помало зголемување бележат Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катланово и Сушево кај Струмица.

Водостоите, пак, на сите природни езера во земјава се над повеќегодишниот просек за март и имаат пораст од два сантиметра во однос на вчера.