Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево

26 март, 2018 | 9:21 часот | 516 прикажувања |

Поради врнежи од снег, од 08:50 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и Попова Шапка.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.