Извршниот комитет го предложи Лука Кржалоски за нов лидер на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ

26 март, 2018 | 8:49 часот | 737 прикажувања |

На вчерашниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ биле разгледани кадровски прашања, при што се донела одлука ИК како резултат на финализирањето на постапката за избор на Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на Централниот комитет да му го предложи кандидатот Лука Кржаловски како предлог за избор за Претседател на Унијата на млади сили.

Лука Кржаловски е досегашен претседател на Градскиот комитет Скопје на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИK на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.