Целосната снимка за „Поткуп“ денеска пред јавноста ќе биде пуштена во судница

26 март, 2018 | 8:41 часот | 770 прикажувања |

Денес на рочиште кое ќе биде отворено за јавноста треба да биде пуштена снимката за договарање на наводен поткуп, која е дел од доказите во постапката во која му се суди на премиерот Зоран Заев.

Покрај тоа што снимката е обезбедена со примена на ПИ-мерки, на барање на премиерот Заев и неговиот адвокатски тим, судијата Дарко Тодоровски кој ја води постапката донесе одлука и медиумите да бидат присутни во судница додека се гледа целата снимка.

На денешното рошиште, според најавите на судот, исказ треба да даде клучниот сведок, бизнисменот од Струмица, Иван Николов Сачевалиев кој тврди дека Заев му побарал поткуп.