Градоначалничката на Арачиново повредена во сообраќајна незгода

25 март, 2018 | 21:49 часот | 886 прикажувања |

Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими, доживеала сообраќајна несреќа во Приштина за време на семејно патување.

Според информацијата објавена на службената веб страница на Општина Арачиново, Халими претрпела мала телесна повреда.

Во сообраќајката се повредила и нејзината ќерка, меѓутоа таа е надвор од животна опасност.